8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏејкоб Зума ги обвини компаниите од западот

Џејкоб Зума ги обвини компаниите од западот

jakob-zuma

Претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума ги обвини западните компании за „колонијалистичко однесување“ кон земјите од Африка.

Во интервју за лондонскиот „Фајненшл Тајмс“, Зума предупредува дека компаниите од Западот ќе мора да го променат својот сегашен „колонијален однос“ кон африканскиот континент или ризикуваат да ги загубат контактите со него, а место нив се повеќе бизниси да преземаат Кина и другите економии со забрзан раст.

Изјавата на претседателот Зума доаѓа пред годинешниот Самит на Г-20, на кој покрај најмоќните глобални економии, учествуваат и земјите со забрзна економски раст, како Кина, Индија, Русија, Бразил и Јужна Африка.

Кина веќе подолго време е присутна во Африка како инвеститор во рударството, машинската индустрија и во големите инфраструктурни проекти, но и како кредитор на дел од африканските земји. Во исто време, се повеќе западни компании заминуваат од Јужна Африка.

Меѓутоа, некои африкански земји, пред се Замбија, не се целосно задоволни од кинеските бизнисмени, а посебно од нивниот однос кон локалните работници. Властите во оваа источно-африканска земја, ја обвинија Кина за „експлотаторски однос“ кон Замбијците кои работат во тамошните рудници за бакар, со кои управуваат кинески комапнии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП