15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung најави пад на заработката

Samsung најави пад на заработката

samsung-smartfon11111

Глобалниот лидер во производството на паметни телефони, јужнокорејскиот „Samsung“ ги потврди очекувањата дека ќе го забележи првиот годишен пад на профитот од 2011 година.

Овој технолошки гигант губи од уделот на пазарот веќе три последователни квартали. Аналитичарите очекуваат дека овој тренд најверојатно ќе продолжи.

Сепак, очекувањата за здравата побарувачка за чипови и подобреното работење во сегментот на мобилните комуникации ја поддржаа надежта дека „Samsung“ успеал да го запре падот на заработката во последниот квартал од 2014 година.

„Мислам дека компанијата ќе покаже пресврт“, изјави аналитичарот Ли До Хун од CIMB.a.

„Samsung“ објави дека оперативната добивка во четвртиот квартал најверојатно би можела да изнесува 5.200 милијарди вони (4,74 милијарди долари), што е во согласност со проценките на аналитичарите.

Доколку се оствари оваа проценка, добивката на „Samsung“ во цела 2014 година најверојатно ќе изнесува 25.000 милијарди вони, што е најслабиот резултат во последните три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП