17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеправилности во работењето кај 10 угостителски објекти во Полошко

Неправилности во работењето кај 10 угостителски објекти во Полошко

ujp objekti

Во акциската контрола спроведена синоќа во 12 угостителски објекти во Полошко (8 во Тетово и 4 во Гостивар) во 10 биле откриени повеќе неправилности во работењето. Според информациите на СВР Тетово, чии службеници биле вклучени во акцијата, контролите на угостителските објекти се одвивеле од 21 часот до полноќ.

Во 10 од контролираните објекти биле констатирани недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите при што Управата за јавни приходи издала пет времени забрани за вршење дејност, шест глоби и еден платен налог.

Инспекторите на пазараната инспекција поднеле две забрани за работа еден платен налог и една едукација која е опфатена со Законот за пушење.

Забраните за работа зависно од прекршокот се однесуваат на времено затварање во период од 7 до 30 денови, а износите на казните се движат од 700 до 2. 500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП