2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОваа година ќе пристигне кабриолет Range Rover Evoque

Оваа година ќе пристигне кабриолет Range Rover Evoque

evoque kabrio

Британските медиуми пренесуваат дека кабриолетот на „Range Rover“ во продажба ќе се појави во оваа година со цена од околу 45.000 фунти (oколу 57.000 eвра).

На саемот во Женева во 2012-та година, „Land Rover“ го претстави концептот „Range Rover Cabriolet“, но тогаш не стануваше збор за производна верзија. Шпионските фотографии кои се појавија во меѓувреме, открија дека „Evoque“ ќе го нема својот фиксиран метален покрив, кој ќе биде заменет со мек.

Се верува дека „Land Rover“ на ова возило веднаш не му даде зелено светло за производство, затоа што сакаа прво да го анализираат неговиот потенцијал на пазарот. Претходно се сомневаше дека неговото производство е под знак прашање поради технички причини.

Постојат добри шанси дека ова возило, со своите производни спецификации, ќе биде претставено на крајот на јуни, а дизајнот ќе биде многу сличен на концептот. Тој ќе има заштитен систем против превртување кој ќе биде доволно паметен да се активира при „off-road“ возење.

„Land Rover“ преку своето одделение „Special Vehicle Operations“, можеби ќе подготви и „Evoque“ со високи перформанси, кои би можел да ја има ознаката „SVR“, токму како и „Range Rover Sport SVR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП