2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLeon ja подобри продажбата на SEAT за 10 проценти

Leon ja подобри продажбата на SEAT за 10 проценти

seat leon333

„SEAT“ ја заврши 2014-та година со нов продажен рекорд. Овој бренд има испорачано 390.500 возила, што е за 10% повеќе отколку во 2013-та (355.000), oстварувајќи најдобар резултат од 2007-ма година. „SEAT“ во изминативе две години оствари вкупен раст од 21.7%.

За успехот во продажбата на „SEAT“ е заслужен моделот „Leon“. Во 2014-та година остварен е раст од 50% резултирајќи со количество од 154.100 продадени единици, што е за 51.300 повеќе отколку во 2013-та година.

Од доаѓањето на новата генерација во 2012-та година, првиот „Leon“ со три различни каросерии, „Leon“ повеќе од двојно ја зголеми продажбата и постигна зголемување од 116%. Исто така постигнат е најдобар продажен разултат од неговото настанување во 1999-та, а за прв пат наместо моделот „Ibiza“ го зазема местото за најпродаван модел на „Seat“.

Караванската верзија на „Leon“ е продаден во 47.100 примероци, што чини 30.5% oд вкупно испорачаните возила.

За прв пат од 2008-ма година, продажбата на „SEAT“ во Западна Европа надмина 300.000 единици (304,000), што претставува зголемување од 11.3% во однос на 2013-та година (273,200). Во Германија е забележан раст од 10.4% или 84.600 единици, додека во Шпанија се испорачани 67.500 возила (+14.5%). Велика Британија спаѓа во трите главни пазари на „Seat“ и оствари четврта рекордна продажба во низа со испорачани 53.400 возила (+16.8%).

Во Источна Европа е забележан раст од 44.2%, што претставува најдобар резултат од 2008-ма година.

Шефот на продажба и маркетинг, др. Андреас Оферман истакна дека, моделот „Leon“ ја зајакна марката „SEAT“, како и дека развојот на ситуацијата во наредните месеци допринесе за консолидација на растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП