22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во САД најниска во последните шест ипол години

Невработеноста во САД најниска во последните шест ипол години

sadamerikawef6w4e6f4e64few

Стапката на невработеност во САД во декември се намали на 5,6 проценти, најниското ниво во последните шест ипол години, бидејќи најголемата светска економија ја забележа најдобрата година во поглед на отворањето на нови работни места од 1999 година.

Според податоците на американското Министерство за трговија, во САД во декември се отворени 252.000 нови работни места, кои помогнаа во намалувањето на стапката на невработеност за 0,2 процентни поени во однос на ноември. Тоа е стапка на невработеност која е значително пониска од стапката на невработеност од 6,7 проценти од декември 2013 година и стапката од 10,0 проценти во екот на финансиската криза во октомври 2009 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Најголем раст на вработеноста е регистриран во секторот за услуги, рестораните и баровите, но и во градежната индустрија, додека во преработувачкиот сектор било забележано послабо вработување.

Како што наведува француската агенција, најновиот пад на невработеноста е последица и од тоа што поголем број на лица го напуштиле американскиот пазар на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП