17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Бразил зема замав

Инфлацијата во Бразил зема замав

brazil1155

Инфлацијата во Бразил во декември порасна со најбрзо темпо во последните девет месеци, бидејќи централната банка ги зголеми каматните стапки поради забавувањето на економскиот раст.

Месечната инфлација во Бразил во декември забрза за 0,78 проценти од ноемвриските 0,51 проценти, соопшти бразилската агенција за статистика, јавува њујоршката агенција Блумберг.

„Имаме добра вест, а тоа е дека инфлацијата е под инфлаторниот плафон, но таа и понатака е исклучително висока“, изјави главниот економист на банката „BBVA“ Енестор дос Сантос. Тој додаде дека и јануарската инфлација ќе биде многу висока.

Цените на храната и пијалоците во декември пораснале за 1,8 проценти, по ноемврискиот раст од 0,77 проценти, додека цените на транспортот пораснале за 1,38 проценти по ноемврискиот раст од 0,43 проценти.

„Постои загриженост дека цените на храната повторно ќе пораснат, како последица на сушата“, изјави главниот економист на лондонската компанија „Капитал Економикс“, Нил Ширинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП