25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП бара да се престане со наплата на надомест при дерегистрација на...

УЈП бара да се престане со наплата на надомест при дерегистрација на фискалните апарати

kasi fis

Управата за јавни приходи денеска објави укажување дека треба веднаш да се престане со праксата за наплата на надомест при дерегистрација на фискалните апарати и условување на даночните обврзници, во спротивно ќе бидат преземени сите мерки предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања и другите позитивни законски прописи.

Според укажувања од даночните обврзници и известувања на медиумите, се вели во соопштението од УЈП, одредени овластени производители на фискален систем на опрема вршат дерегистрација на старите фискални апарати со надомест, а особено кога даночен обврзник одлучил новиот фискален систем на опрема да го набави од друг овластен производител.

„Со ваквите дејствија им се скратува правото на даночните обврзници за слободен избор за набавка на фискален систем на опрема, се условувааат даночните обврзници, се јавува нелојална конкуренција на пазарот на фискални апарати, што е спротивно на повеке законски прописи. Ваквиот начин на постапување негативно влијае на процесот на воведување интегриран автоматски систем на управување (ГПРС) со што се зголемуваат трошоците на даночните обврзници, а при самата постапка за дерегистрација овластените производители немаат реални материјални трошоци“, се вели во соопштението од УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП