2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобра година за Bentley

Најдобра година за Bentley

bent 35

Годината која е зад нас официјално е најдобрата во историјата на производителот на суперлуксузни автомобили кој е во сопственост на „Volkswagen“. Во 2014-та, „Bentley“ на купувачите им достави 11.020 возила.

Во споредба со 2013-та година, кога „Bentley“ продаде 10.120 aвтомобили, забележан е раст од преку 9 проценти.

Компанијата соопшти дека за зголемувањето на испораките се моделите „Continental GT V8 S“, „Continental GT Speed Coupe“ и „Cabrio“, како и „Flying Spur V8“.

На резултатите на продажбата во 2014-та влијаеше и растот на побарувачката во Северна Америка, Кина и Блискиот Исток.

Северноамериканскиот пазар и натаму е најважниот за компанијата со продадени 3.186 автомобили или 29 отсто од сите испораки. Следи Кина во која „Bentley“ во 2014-та продаде 2.670 возила.

Растот на доставите е забележан и во Европа (+4%) каде се продадени 1.539 aвтомобили, како и на Блискиот исток (+7%) каде пристигнале 1.263 нови „Bentley“ возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП