26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСветот во еден ден поминува 133,333 години на интернет

Светот во еден ден поминува 133,333 години на интернет

www2

Интернет сајтот „Servise Providers“ направи истражување кое ни објаснува што всушност се случува на интернет и колку време таму поминуваме секој ден.

Во само една секунда која ја поминуваме на интернет, се прикачуваат фотографии, се комуницира на социјалните мрежи, се прикачуваат видеа, се испраќа електронска пошта….

Интернетот е динамичен и тешко може да се објасни со зборови. Иако интернетот на многумина им служи за работа, истражувањето ни открива што се се случува на интернет во текот на еден ден.

Во една секунда се испраќаат 2,8 милиони електронски пошти и 1633 твитови.

Во една минута се прават 694,445 Гугл пребарувања, се прикачуваат 600 видеа на ЈуТуб и се отвараат 320 нови Твитер профили.

Во еден саат се регистрираат 4.200 нови домени, на Фејсбук се поставуваат 10,5 милиони фотографии и се симнуваат 780,000 ајфон апликации.

Кога ќе се собере времето на сите интернет корисници во еден ден се доаѓа до заклучок дека целиот свет во еден ден поминува дури 133,333 години на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП