16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд понеделник канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

Од понеделник канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

kupi kuka kupi stan12221

Поради големиот интерес кај граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“ од понеделник стартува со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“.

Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот.

Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности кои ги нуди „Купи куќа,купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да добијат податоци и каде можат да најдат станови по пониски цени ­ до 900 евра за метар квадратен согласно условите на проектот и каде се нудат парцели за изградба на куќа.

Министерството за финансии ги повикува сите градежни фирми кои во моментов имаат понуда на станови до 900 евра за метар квадратен да се приклучат на проектот со тоа што ќе испратат податоци за становите кои ги продаваат на [email protected].

„Купи куќа, купи стан“ е шанса да се реши станбеното прашање со помош на Владата која субвенционира 50 отсто од ратата или учеството од станбениот кредит при купување на стан или 75 отсто од ратата или учеството при купување, изградба или надградба на куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП