27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSantander со објавата ги шокираше пазарите

Santander со објавата ги шокираше пазарите

Santander bank branch

Шпанската банка „Santander“ ги изненади пазарите, бидејќи најави собирање на сума до 7,5 милијарди евра нови средства за докапитализација.

„Оваа операција ќе биде спроведена преку забрзан пласман“, се наведува во соопштението на „Santander“, најголемата банка во еврозоната според пазарната вредност, но не се наведува причината за најавената докапитализација, пренесува агенцијата Франс прес.

Њујоршката агенција Блумберг, сепак, тврди дека новата директорка на „Santander“, Ана Ботин, се обидува да го зајакне билансот на состојбата на банката, бидејќи инвеститорите неодамна изразија загриженост дека капиталот на „Santander“ е понизок од некои други банки.

Како што оценува Франс прес, станува збор за најголемата докапитализација на „Santander“ од 2008 година, кога оваа банка, во екот на финансиската криза, собра 7,2 милијарди евра со цел зголемување на нивото на адекватност на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП