21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Швајцарија продолжува да расте

Невработеноста во Швајцарија продолжува да расте

shvajcarija54564

Невработеноста во Швајцарија е во пораст од јули минатата година, а бројот на невработени на крајот на декември 2014 година, изнесуваше 147,369 што е за 10,817 лица повеќе во однос на крајот на месец ноември, објави Секретаријатот за економија (SECO).

Невработеноста во месец декември продолжи да расте, па така стапката на лицата без работа изнесуваше 3,4 проценти од работоспособното население, што е за 0,2 процентни поени повеќе во однос на месец ноември, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во споредба со месец декември 2013 година, бројот на неврабоени во Швајцарија сепак е малку помал (за 2,068 лица или 1,4 проценти), истакнуваат од SECO.

Невработеноста меѓу младите од 15 до 24 години во декември порасна на месечно ниво за 3,0 проценти, но на годишно ниво бележи пад од 4,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП