10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани

Грција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани

ecb

Грција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани и придржување кон програмата, изјави портпарол на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.

Тој ја истакнал неопходноста од постигнување договор меѓу Владата на Грција и меѓународните кредитори, пишува грчкиот весник „Етнос“.

ЕЦБ објави дека продолжувањето на нејзините „привилегирани“ минимални барања за кредитен рејтинг на грчките обврзници се заснова на техничкото проширување на програмата на Европскиот стабилизациски фонд до крајот на февруари 2015 и на проширувањето на спасувачката програма на ММФ.

Тоа исто така се базира и на претпоставката за успешно завршување на актуелниот преглед за извршување на грчката програма и на договорот меѓу грчките власти и ЕК во соработка со ЕЦБ и ММФ, додал портпаролот.

Банката додаде дека продолжувањето на нејзината програма за пристап на грчките банки до свежо финансирање ќе зависи од исходот на преговорите на властите во Атина со главните кредитори на земјата и на ноцата условна превентивна кредитна линија на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП