26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција профитираше од падот на нафтата

Франција профитираше од падот на нафтата

profitirashe-profit

Надворешно-трговскиот дефицит на Франција во ноември минатата година е намален на 3,24 милијарди, додека во октомври тој изнесуваше 4,27 милијарди.

Кумулативниот дефицит за 11 месеци од минатата година изнесувал 50,6 милијарди евра, во однос на 56,3 милијарди во истиот период една година претходно, пренесува Ројтерс.

Во ноември, вредноста на увозот е намалена за 1,9 проценти во однос на претходниот месец, на 40,4 милијарди евра, додека извозот е зголемен за 0,6 проценти и изнесувал 37,2 милијарди евра.

Дефицитот во размената на производи од преработувачката индустрија, изнесувал 2,4 милијарди, во однос на 2,7 милијарди во октомври.

Вредноста на продажбата на Airbus (36 авиони) изнесувала 2,8 милијарди евра, за разлика од 2,49 милијарди во октомври (29 авиони).

Што се однесува на регионалната продажба, францускиот дефицит во размената со остатокот од Европа се намали на 2,4 милијарди евра, од 3,42 милијарди во октомври. Зголемен е единствено со останатите земји на Европската унија, на 2,67 милијарди евра, додека во октомври изнесувал 2,28 милијарди, а со останатите земји на еврозоната во ноември изнеусвал 3,3 милијарди, по 2,88 милијарди во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП