Во месец ноември во однос на месец октомври јавниот долг на Украина изразен во националната валта гривна е зголемен за 9,79 проценти на 69,3 милијарди долари, соопшти Министерството за финансии на оваа земја.

„На Украина и е неопходна економска помош од надвор, бидејки постои ризик од неисполнување на финансиските обврски“, изјави Наталија Јарешко, украинската министерка за финансии, потсетувајќи дека е неопходно да се дејствува со цел да се воспостави рамнотежа и со резервите на Централната банка на Украина, кои во моментов изнесуваат 8 милијарди долари, што претставува апсолутен минумум во историјата на земјата.
Дури 30 проценти од своите расходи оваа година, Украина ќе ги потроши на одбрана и намалување на надворешниот долг на државата, изјави украинската министерка за финансии, пренесуваат агенциите.