27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИнспиративни мисли за 2015 година

Инспиративни мисли за 2015 година

tumblr_static_myth_inspiration-650x330

Почетокот на годината е секогаш одлична прилика да се започне од почеток со: нови идеи, реализација на плановите, исполнување на желбите, достигнување на целите…

Луѓето, по одморите, славењето и празниците, се повеќе подготвени за нови деловни и приватни потфати, имаат висок степен на мотвација и инспирација, отколку на крајот на годината – покажуваат бројни истражувања.

Ова се 20 инспиративни мисли за добар почеток и уште подобра 2015 година

– На кого љубовта му се смее, тој познава само шала и радост – финска поговорка.

– Јас не знам ништо подобро, посложено и поинтересно од човекот – Максим Горки.

– Не е среќен оној кој го има тоа што го сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема – латинска поговорка.

– Кога им велите ДА на другите, бидете сигурни дека нема да си кажете НЕ самите на себе – Пауло Коељо.

– Не дозволувајте вашата тага да се искачи над вашите колена – шведска поговорка.

– Животот е како скршен брод, но не смееме да заборавиме да пееме во чамците за спасување – францускиот писател Волтер.

– Започни со она што најпрво е точно, а не со она што е прифатливо – Франц Кафка.

– После партијата шах, кралот и пионот одат во иста кутија – италијанска поговорка.

– Морето е големо затоа што не ги потценува малите реки – јапонска поговорка.

– Кога на земјата се би било разумно, ништо не би се случило – Фјодор Достоевски.

– Времето поминато во смеење е време поминато со боговите – јапонска поговорка.

– За добриот човек – капка вода е океан, а за лошиот – океанот е капка вода – индиска поговорка.

– Калта може да го извалка дијамантот, но не може да го претвори во кал – кинеска поговорка.

– Никој нема право да биде очаен, очајот не е верување, туку физичка немоќ, болест или најчесто глупост – Јован Дучиќ.

– Дури и ако илјада луѓе веруваат во глупава работа, таа и понатака останува глупава – кинеска поговорка.

– Подобро колиба од слама во која има смеа, отколку мермерна палата во која има плач – кинеска поговорка.

– Љубезноста е јазик кој глувите можат да го слушнат, а слепите да го видат – Марк Твен.

– Поголема благодарност заслужува оној кој на некој човек кој ќе му помогне да не падне, отколку оној кој ќе му помогне да стане – данска поговорка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП