22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа грчкиот долг може да се преговара но нема да биде избришан

За грчкиот долг може да се преговара но нема да биде избришан

dedede

Претставници на партијата на канцеларката Ангела Меркел оставаат простор да се отвори дискусија за начинот на кој што Грција би го плаќала својот долг кога е биде избрана новата влада, но од Берлин се отфрла опцијата тој да биде избришан како што бара фаворитот за иден премиер Ципрас.

Германските претставници кои што последниве денови се обидуваат да испратат пофлексибилни позиции од оние кои што минатата недела ги цитираше „Шпигел“ а според кои Германија е подготвена доколку Атина реши ја напушти еврозоната, сега велат дека олеснување на начинот на плаќање е можно.

Ова сценарио, потсетуваат германските претставници е изводливо само доколку Грција не се
откаже целосно од мерките на штедење и не го прекине плаќањето на својот долг.

Со најновите пораки на двете најголеми германски партии најверојатно треба да му се помогне
на Самарас кој за разлика од лидерот на СИРИЗА Ципрас бара олеснување на плаќањето но
не се откажува од враќањето на долгот.

– Треба да се разговара со секоја влада која што ќе победи на изборите. За намалување на каматите на кредитите и за продолжување на роковите за плаќање може да се разговара и со левичарска влада“, вели Ингрид Арнд Брауер од Социјалдемократите која што претседава со комисијата за буџет на долниот дом на германскиот парламент за Блумберг.

Во извештајот се цитира и висок пратеник од редовите на партијата на Меркел ЦДУ кој има сличен став се додека Грција не прекине со плаќањето на долгот. Пратеникот на владеачката Христијанско Демократска УНија инсистира на анонимност затоа што коалициските дискусии биле од приватен карактер.

По средбата со Камерон во Лондон канцеларката Меркел порача дека на луѓето и на дел од
бизнисмените мора да им се каже дека германската влада секогаш работела во правец на
останување на Грција во еврозоната.

– Јас сум оптимист за развојот на настаните во Грција но сега се зависи од нив. Ќе биде многу тешко за нив доколку се откажат од мерките за штедење“, додава Михаел Фушс пратеник на ЦДУ и член на извршното тело на партијата.

Мала е веројатноста Грција да ја напушти еврозоната смета Јакоб Функ Киркгаард од Патерсон институтот за меѓународна економмија во Вашингтон. „Најголем дел од Грците сакаат да останат во еврозоната, свесни се дека ако излезат состојбата ќе биде многу, многу полоша“, смета Киркгаард.

Официјално ЕУ остава можност за дополнителни мерки и помош според договорот од 2012 година кога беа наметнати сурови мерки на штедење по кои невработеноста порасна до 27%, а илјадници луѓе извшрија самоубиства затоа што не можеа да ги платат долговите за кредити.

Пратеникот на ЦДУ Норберт Бартл ја отфрла можноста за целосно бришење на долгот на Грција како што тоа се случило со Германија во 1953 година, карта на која јавно игра Ципрас.

„Бришење на долгот ќе значи дека финансиските пазари губат доверба во Грчките хартии од
вредност и дека враќањето на финансиските пазари ќе биде блокирано долго време“, смета
партискиот портпарол за буџетски прашања во германскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП