11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ќе ја задржи референтната каматна стапка на 0,5 проценти

Банката на Англија ќе ја задржи референтната каматна стапка на 0,5 проценти

kamatna-stapka

Централната банка на Англија „Bank of England – BoE“ одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти.

На првата седница оваа година, „BoE“ одлучи да го задржи постоечкото ниво на монетарни поттикнувања на 375 милијарди фунти (480 милијарди евра) и да ја задржи референтната каматна стапка на 0,5 проценти, се наведува во соопштението на банката, пренесува агенцијата Франс прес.

„Како што се очекуваше, Банката на Англија ја започна 2015 година со задржување на каматната стапка на 0,5 проценти. Би било големо изненадување ако пред последните месеци од оваа година, Банката на Англија ја зголеми каматната стапка, со оглед на актуелното дезинфлаторно влијание на многу ниските цени на нафтата и ризикот од зголемувањето на политичката неизвесност во пресрет на општите избори во мај“, изјави економистот од истражувачката група „IHS“, Хаyард Арчер.

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, во декември се намали на петгодишен минимум, додека стапката на инфлација исто така бележи пад и во Британија, па така, годишната стапка на инфлација во ноември се намали на еден процент, односно на дванаесет-годишен минимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП