4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБорец против настинките, го забрзува метаболизмот и ја подобрува циркулацијата

Борец против настинките, го забрзува метаболизмот и ја подобрува циркулацијата

ren-ren-lek-sinusi

Ренот се препорачува во ладните периоди бидејќи докажано е дека неговите ароми помагаат во спречувањето и лекувањето на настинките.

Коренот од рен на многумина им е омилен додаток во зимските јадења, а препознатлив е по својот силен мирис и вкус, кога ќе се изренда. Може да се користи во текот на целата година како храна, за чај, облоги, а го забрзува метаболизмот, го чисти организмот и ја подобрува циркулацијата.

Свежиот корен од рен е богат со витаминот Ц, а покрај него содржи и калциум, калиум, магнезиум и етерични масла кои му даваат и лутина. Се смета дека е добро да го додадете во масните јадења бидејќи го потикнува варењето така што стимулира лачење на желудечни и цревни сокови.

Ренот се препорачува и во ладните периоди бидејќи е докажано дека неговите ароми помагаат во спречувањето и лекувањето на настинките. Консумацијата на рен поттикнува излачување на слуз па така ја смирува кашлицата, а ги олеснува и симптомите на воспалени синуси. При настинки може да се користи изрендан, сварен во млеко или помешан со мед.

Како да ја чувате и користите оваа намирница

Чувајте го свежиот корен од рен во хартиена кеса и тоа до седум дена, или исецкајте го на ситни парчиња и замрзнете го до употребата. Ако сакате да го изрендате, направете го тоа со онаа количина која ви е потребна за оброкот бидејќи многу брзо ја губи свежината. Ренот традиционално се користи како прилог на јадењата или во сосовите. Јадете го свеж бидејќи со варењето се уништува неговата специфична арома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП