2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo Cross Country лимузина (фото)

Volvo Cross Country лимузина (фото)

cros volvo

Семејството „Cross Country“ модели на марката „Volvo“ за прв пат ќе биде проширена со една лимузина. На претстојниот саем во Детроит светска премиера ќе има „Volvo S60 Cross Country“.

„Volvo“ на крајот на 2014-та го претстави новиот модел, „V60 Cross Country“, a веќе на самиот почеток на 2015-та пристигнува уште еден полутеренец од овој производител.

Компанијата дојде до идеа лимузината од средна класа „S60“ да ја претвори во автомобил за сите терени.

cros volvo1

„Сакавме истражувањето на територијата на „Cross Country“ модели да ја продолжиме во целосно нов правец“, изјави потпретседателот на „Volvo“ за стратегија и развој на нови модели, Лекс Керсемекерс.

Во однос на стандардниот „S60“, верзијата „Cross Country“ има за 65 mm повисоко растојание од земја и погон на сите четири тркала.

Покрај поголемото растојание од земја, новиот „Volvo“ се разликува од класичната лимузина и по пластичните елементи за заштита кои се поставени на долниот дел од возилото.

cros volvo2

Автомобилот може да биде опремен со алуминиумски бандажи со димензии од 18 или 19 инчи, на кои се монтирани гуми со висок профил поради поголем комфор и подобри теренски возни карактеристики.

Volvo S60 Cross Country“ до купувачите ќе пристигне во три верзии – со два дизел мотори и еден бензински.

Oсновниот дизел, четирицилиндарскиот „D4“ е заснован на новата „Drive-E“ моторизација, произведува 190 ks и тоа е единствената верзија која ќе има исклучиво погон на предните тркала.

Овој модел ќе биде достапен на европскиот пазар.

cros volvo3

Подоцна ќе му се придружи и верзијата со 2.4-литарски петцилиндарски „D4“ мотор, со засега непозната моќ.

Бензинската понуда ќе ја сочинува 2.0-литарски „T5“, исто така во конфигурација со пет цилиндри, кој испорачува 254 ks. Моќта на овој агрегат ќе се пренесува на сите 4 тркала.

„Volvo S60 Cross Country“ ќе пристигне во продажните салони во текот на летото, а тогаш се очекува да биде позната и цената на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП