Француско холандскиот авиопревозник „Air France-KLM“ во 2014 година оствари релативно стабилен патнички сообраќај во однос на претходната година.
Растот во претходната година изнесувал 0,2 проценти, додека во декември е остварен раст од 1,3 проценти во споредба со истиот месец 2013 година, соопштија од оваа компанија.
Овој втор најголем европски авиопревозник прецизираше дека во минатата година услужил 77,45 милиони патници, со коефициент на пополнетост на авионите од 84,7 проценти, кој е за 0,9 процентни поени поголем во однос на 2013 година, пренесува Ројтерс.
Активноста во товарниот сообраќај во 2014 година била за 2,4 проценти помала во однос на претходната година.