5 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо првите 11 месеци од 2014, извозот 4,542 милијарди долари

Во првите 11 месеци од 2014, извозот 4,542 милијарди долари

uvoz izvoz 200

Македонија во првите 11 месеци од минатата година извезла стоки во вредност од 4,542 милијарди американски долари, а увезла стоки за 6.652 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68,3 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 2,109 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Најмногу стоки, 76,9 отсто, се извезени во земјите­членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 13,9 проценти. Земјите­членки на ЕУ со 63,8 отсто се најмногу застапени во увозот на стоки во Македонија, а по нив следат останатите земји со 11,8 проценти.

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија со кои е остварена 51,9 отсто од вкупната надворешно­трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП