18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната официјално во дефлација

Еврозоната официјално во дефлација

evrozona-inflacija

Еврозоната е официјално во дефлација, бидејќи за прв пат од 2009 година инфлацијата во декември премина во негативна зона, покажуваат официјалните податоци.

Во еврозоната во декември е регистрирана негативна инфлација од минус 0,2 проценти, како последица на падот на цената на нафтата и потенцијалните големи проблеми и ризици од обновувањето на кризата во Грција. Стравувањата од потенцијалниот излез на Грција од еврозоната, ако на изборите во Атина овој месец победи левичарската партија, предизвикаа оваа недела пад на европските акции, но и пад на еврото на деветгодишен минимум во однос на доларот, пренесува агенцијата Франс прес.

Последниот пат кога потрошувачки цени се лизнаа на негативна територија беше во октомври 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза.

Економистите сега го чекаат потегот на Европската централна банка, која најави активирање на програмата за широкото купување на обврзници, доколку инфлацијата достигне до нула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП