18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Србија запленети рекордни 1.338 тони тутун, уапсени 12 лица

Во Србија запленети рекордни 1.338 тони тутун, уапсени 12 лица

Untitled

Во заедничка акција на припадници на српското МВР, БИА и Даночната полиција, во координација со Високото јавно обвинителство во Шабац, запленети се рекордни 1.338 тони тутун и уапсени се 12 лица кои оствариле противправна корист од над 490 милиони динари, а буџетот на Србија за 139 милиони динари, соопшти српското МВР, објави „Политика“.

Уапсените се осомничени за злоупотреба на службената положба, фалсификување на службени исправи и даночно затајување.

Тие се осомничени дека во фабриката АД „Дуван“ во Љубовија во текот на 2014 година испорачале сушен тутун заради натамошна преработка во количина од 1.338.082 килограми во вредност од околу 300 милиони динари, без данок и заведување во деловната документација на АД „Дуван“, кој бил наменет за продажба надвор од легалниот пазар.

Осомничените, за да ги прикријат кривичните дела, ја фалсификувале службената документација на претпријатијата „Копекс“ ДОО Нови Сад и АД „Дуван“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП