4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс испи чаша вода настаната од човекови фекалии (видео)

Бил Гејтс испи чаша вода настаната од човекови фекалии (видео)

bil voda

Еден од најбогатите луѓе на светот и голем филантроп, Бил Гејтс се напи чаша вода произведена од човечки фекалии.

Имено, Фондот на Гејтс веќе долги години вложува пари во развој на уреди кои ќе ја прочистуваат водата и со тоа да ја направат безбеден пијалок, а се чини дека таа инвестиција се покажа и тоа како успешна.

Компанијата „Јанички“ од Сиетел пронајде прочистувач кој човечките фекалии од канализациите ги претвора во вода, а и произведува енергија.

Повеќе од 2.5 милијарди луѓе во светот немаат пристап до чиста вода за пиење, па поради тоа ваквата машина и тоа како ќе користи во хуманитарни цели.

Бил Гејтс покажа дека таквата вода е навистина чиста за пиење, а во видеото можете да погледнете како тој испи чаша чиста вода, која само неколку минути претходно беше човечки измет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП