17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит во САД на најниско ниво во последните 11 месеци

Трговскиот дефицит во САД на најниско ниво во последните 11 месеци

sad-amerika-sadsad47857

Надворешно-трговскиот дефицит во САД во декември 2014 година го достигна најниското ниво за претходните 11 месеци поради падот на цените на нафтата, што ги намали фактурите за увезената стока.

Според податоците на Министерството за трговија, во декември 2014 година, трговскиот дефицит изнесувал 39 милијарди долари (33 милијарди евра), што е за 7,7 проценти помалку во однос на претходниот месец, пренесува Ројтерс.

Економистите во просек очекуваа дека дефицитот во извештајниот месец ќе достигне 42 милијарди долари.

Благодарение на падот на цената на нафтата, вредноста на увозот опаднала за 2,2 проценти, на 235,4 милијарди долари.

Вкупната вредност на увезените нафтени деривати е намалена на најниското ниво од август 2009 година.

Истовремено, извозот е намален за еден процент, на 196,4 милијарди долари.

Надворешно-трговската размена во САД, во третиот квартал, придонела со 0,8 процентни поени во растот од пет проценти на бруто домашниот производ, во однос на третиот квартал од 2013 година.

Проценките за економскиот раст во четвртиот квартал минатата година варираат меѓу 2,5 и 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП