22 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве зошто мажите ги добиваат работните места кои ги сакате вие

Еве зошто мажите ги добиваат работните места кои ги сакате вие

118523747954a9b121c5aad221614413_orig

Новогодишните и божиќните празници се период кога имаме малку повеќе време да размислиме за својот живот, па не не чуди што многумина во текот на јануари донесуваат важни животни одлуки, меѓу кои и да го променат работното место.

Кога станува збор за саканите работни места, дамите најчесто се во незавидна позиција за разлика од мажите. Сепак, она што е изненадувачки е дека тие самите најчесто се одговорни за таквата ситуација. Како и зашто се случува тоа?

Тара Софија Мор, експерт за лидерство, која за оваа тема пишваше во магазинот „Harvard Business Review“, наведува дека, судејќи според еден извештај од компанијата „Hewlett Packard“, мажите испраќаат пријави за одредени позиции тогаш кога мислат дека задоволуваат барем 60 проценти од потребните квалификации, додека жените се пријавуваат само тогаш кога мислат дека тие исполнуваат 100 проценти од потребните квалификации.

Логично е дека, ако видите дека не ги исполнувате уловите ќе помислите „Која е целта?“ но токму тука лежи проблемот. Додека вие се обидувате да се поштедите себеси од заморување и да заштедите време, па преминувате на следниот оглас, посилната половина за секој случај сепак ќе се обиде, а понекогаш и ќе го добие работното место.

„Оние кои обично не се пријавуваат никогаш не земаат во предвид дека можеби поседуваат некоја вештина ии особина која ќе остави добар впечаток на работодавците и на тој начин ќе претставува компензација за недостатокот на искуство кое се бара во огласот“, наведува Мор.

Впрочем, многу работодавци се свесни дека при составувањето на огласот поставуваат нереални барања кои повеќето кандидати или дури ниту еден кандидат не може да ги исполни.

„Овие податоци затоа би требало добро да им ги отворат очите на оние дами кои досега го избегнувале испраќањето на CV за позициите за кои веруваат дека не ги исполнуваат условите, и да сфатат дека не ги играат сите игрите според истите правила“, додава Мор.

Вистината е дека немате што да изгубите, па затоа во иднина не си дозволувајте на себеси да ја пропуштите приликата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП