9 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИУбедливо најдобра година за Винер Осигурување

Убедливо најдобра година за Винер Осигурување

winner-novo

Со над 700 милиони денари приход, изминатата 2014-та официјално е убедливо најдобрата година за осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп која шест години по ред бележи континуиран пораст. Со тоа Винер го натфрли рекордното остварување од 2013, воедно зголемувајќи ја премијата за спектакуларни 3,5 пати во изминатите 6 години.

Од компанијата велат дека константниот и стабилен раст е директен показател за препознатливоста на брендот меѓу клиентите кои знаат дека со Винер секогаш добиваат повеќе за своите пари. Унапредувањето на деловните процеси довело до намалување на административните трошоци со што се обезбедила можност за пренесување на оваа вредност на клиентите преку намалување на цените, креирање исклучително конкурентни продукти, како и обезбедување атрактивни подароци и дополнителни услуги со секоја купена полиса, појаснуваат во Винер.

„Целокупното внимание го насочуваме на нашиот клиент, на обичниот граѓанин, обезбедувајќи му не само продукти прилагодени на неговите потреби и можности, туку и дополнителна вредност за неговите пари – брза и беспрекорна услуга, експресно решавање и исплата на штета, достава на полисата на рака, атрактивни подароци, целосна достапност за совет и помош во секое време. Наша најголема награда е што граѓаните веќе добро знаат дека кога осигурувањето е во прашање, Винер е нивниот пријател, и што компаниите знаат дека во нас имаат сигурен осигурителен партнер кој со својата сервисна и деловна моќ им обезбедува најконкурентно осигурување, со беспрекорно реосигурително покритие“ – изјави г-дин Зоран Нарашанов, првиот човек на компанијата.

Истовремено, Винер и понатаму останува лидер во ликвидирање на штети, како компанија која со години има убедливо најмал број на резервирани штети. Во компанијата велат дека супериорното реосигурување во кое вложуваат многу овозможува секоја штета да биде исплатена експресно, односно дека ниту една штета не чека на исплата од моментот на нејзината комплетираност.

Инаку, зголемувањето на побарувачката за услугите на Винер во чекор го следи ширењето на продажната мрежа на компанијата на која и` се приклучуваат се` поголем број вработени, па така во моментов Винер има дури 72 продажни места низ државата, а според зборовите на Генералниот Директор, г-дин Нарашанов, до крајот на годината очекуваат да ја достигнат бројката од 100, затоа што клиентите во Македонија бараат и заслужуваат квалитетно осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП