29 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕлон Маск: Одиме на Марс!

Елон Маск: Одиме на Марс!

mask mars

Основачот на „SpaceX“ и милијардер, Елон Маск најави дека оваа година ќе претстави план за колонизација на Марс, како и футуристички дизајн на вселенски одела.

Тој тоа го изјави пред лансирањето на амбициозната ракета „SpaceX Falcon 9“ од рампата за лансирање Кејп Канаверал, која треба да ја однесе капсулата со 2.35 тони намирници, опрема и делови за експериментирање на Меѓународната вселенска станица. „Falcon 9“ е дел од рамките од договорот за снабдување со „NASA“ вреден околу 1.6 милијарди долари.

43-годишниот Маск е извршен директор и главен дизајнер на компанијата „SpaceX“ за производство вселенски ракети, директор на „Tesla Motors“ и извршен директор на „SolarCity“, компанија за снабдување на електрична енергија добиена со помош на соларна енергија.

На прашањата на читателите на „Reddit“, Маск даде многу интересни одговори.

„Системот за транспорт на луѓе на Марс ќе добие целосно нова архитектура и се надевам дека ќе биде презентиран до крајот на оваа година. Неможеме да го претставиме порано, затоа што многу корисни работи научивме дизајнирајќи ги „Falcon“ и „Dragon“, изјави Маск на прашањето за колонизација на Марс.

На прашањето за дизајнот на вселенското одело кое од претходно го имаше најавено, Маск наведува дека ќе биде претставено кон крајот на оваа година, затоа што инженерите многу внимание посветуваат и на естетиката, а не само на корисните карактеристики. Маск смета дека ова одело би требало да биде убаво и да изгледа како дизaјн за XXI век и да работи добро, што моментално е многу тешко да се постигне заедно.

„Се чувствувам дека главата ќе ми експлодира. Мојот начин на префрлување од една област на друга е слаб и процесот на рехабилитација и изолација е недоволен. Сепак, сметам дека повеќето луѓе можат да научат што и да посакаат. Луѓето се откажуваат пред да започнат. Многу е важно да знаете да следите како еден семантички низ – потрудете се да ги научите основите, фундаметалните принципи и потоа само да го надоградувате знаењето, не е тешко“, вели Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП