14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и одобри на Украина половина милијарда евра кредит

Германија и одобри на Украина половина милијарда евра кредит

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Германија во средата потпиша договор за кредит за Украина вреден 500 милиони евра и со тоа овозможи нов спасувачки појас за Владата во Киев бидејќи на државниот буџет му недостасуваат половина милијарда евра.

Договорот е потпишан во Брисел, за време на посетата на украинскиот премиер Арсениј Јаценјук, кој денес ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Парите се голем придонес за реконструкцијата на истокот на Украина“, изјави заменик-канцеларот, Сигмар Габриел по разговорите со Јаценјук, кој во средата имаше средба и со германскиот претседател Јоаким Гаук. Кредитот за Украина германската канцеларка го вети уште во август за време на посетата на Киев.

Габриел нагласи дека кредитот е условен со обврските украинската влада да спроведе реформи.

Јаценјук денес со канцеларката ќе разговара за економската помош и за чувствителната безбедносна состојба на истокот во Украина каде повеќе од 4,600 лица се убиени во конфликтот со владините сили и проруските сепаратисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП