18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНХЦР: Светот нема одговор на кризата

УНХЦР: Светот нема одговор на кризата

T

Меѓународната заедница повеќе не е во состојба превентивно да влијае врз конфликтите, што доведе до најголемите бегалски кризи по Втората светска војна, изјави денеска во Анкара високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутереш.

­ Нема ефективно водство и нема капацитети за превенција на судирите, кои некогаш постоеја, предупреди првиот човек на УНХЦР во својот говор на дипломатскиот собир во главниот град на Турција.

Тој укажа дека судирите во Сирија и Ирак принудиле над 13 милиони лица да ги напуштат своите домови, што е најлоша криза од 40­те години на минатиот век, додека ситуацијата постојано се влошува и во Јужен Судан, Либија и Чад.

­ Непредвидливоста и неказнивоста станаа правила на игра во денешниот свет, новите конфликти се множат, а старите не се решаваат, предупреди Гутереш.

Шефот на УНХЦР процени дека вкупниот број на раселени лица на планетата надминал 50 милиони, нешто што не е забележано во изминатите седумдесет години.

Турција го повика Гутереш на годишен состанок на своите амбасадори во Анкара поради тоа што е тешко погодена од конфликтот во соседните Сирија и Ирак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП