29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзлегувањето на Грција од еврозоната би ја чинело Германија 80 милијарди евра

Излегувањето на Грција од еврозоната би ја чинело Германија 80 милијарди евра

grcija evro

Евентуалното излегување на Грција од еврозоната само Германија би ја чинело 80 милијарди евра, оцени претседателот на групата на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во Европскиот парламент, Ги Верхофштат.

„Таквата идеја е бесмислена од три причини“, појаснува тој, истакнувајќи дека 74 отсто од Грците се за останувањето на земјата во Европската монетарна унија.

Како втор аргумент тој го наведува фактот дека за да ја напушти еврозоната, Грција треба да го прекине членството во ЕУ.

Трет аргумент, кој го наведува е Верхофштат, е дека при таков развој на настаните европските даночни обврзници ќе бидат принудени да платат милијарди евра за обновување на драхмата.

АЛДЕ повикува да не се „чекори по патот на самоисполнувачките пророштва“, туку напорите да бидат насочени кон решавање на инвестициските проблеми на Грција.

Верхофштат оценува дека на ЕУ и недостигаат инвестици од 700 милијарди евра.

„Треба да ни стане јасно дека сите сме во еден брод и оти треба заедно да ги решаваме проблемите“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП