2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа саемот во Детроит премиера ќе има Infiniti Q60

На саемот во Детроит премиера ќе има Infiniti Q60

q60 35

На саемот во Детроит на 13-ти јануари ќе биде претставен „Infiniti Q60 Concept“. Oвој автомобил го најавува наследникот на актуелното купе од некогашната серија „G“ која од 2013-та ја носи новата ознака – „Q60“.

Првата фотографија од новото купе открива автомобил со нагласен спортски дизајн. Маската и фаровите потсетуваат на лимузината „Q50“, a динамичниот изглед на концептот „Q60“ се засилува со големите отвори за воздух на долниот дел на браникот, кои воедно го формираат и предниот спојлер.

Спортската надворешност на автомобилот е заокружена со масивните 21-инчни алуминиумски бандажи и нископрофилни гуми под проширените калници.

„Infiniti“ засега не објави фотографии од ентериерот, но соопштија дека кабината е проектирана во конфигурација 2+2 со спортски кожни седишта.

Продукциската верзија на концептот „Q60“ ќе започне да се произведува на стартот во Велика Британија во 2015-та, а потоа и во Мексико од 2017-та година.

Повеќе фотографии и технички детали ќе бидат познати некаде на средината на месецот, по официјалната премиера на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП