21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Санкциите против Русија треба да бидaт поништени

Оланд: Санкциите против Русија треба да бидaт поништени

fransoa oland 53

Санкциите на Западот во однос на Русија треба да бидат поништени при напредок на ситуацијата околу Украина, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Ако Русија е во криза, тоа не е добро за Европа. Мислам дека сега санкциите треба да бидат спречени. Во случај ако има напредок (во Украина), тие треба да бидат поништени. Ако, пак, нема напредок, санкциите треба да останат“, посочи Оланд.

Тој изрази надеж дека на самитот во казахстанскиот град Астана на 15-ти јануари ќе биде постигнат нов успех во побарувачката на патишта за престанок на конфликтот во Донбас.

„Ќе заминам за Астана на 15-ти јануари при единствен услов дека ќе можеме да постигнеме нов напредок … И јас мислам дека тој ќе се случи“.

Рускиот претседател не цели на анексија на источна Украина, главната цел на Владимир Путин е Украина да не влезе во НАТО, изјави шефот на француската држава.

„Путин не сака да ја анектира источна Украина, тој ми го кажа тоа. Би можел и да не му верувам. Но, тоа не е Крим. Тој сака Украина да не биде дел од НАТО“, изјави Оланд.

Во исто време, францускиот претседател истакна дека Русија треба да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да прекине со „поддршка за сепаратистите“.

Франсоа Оланд истакна исто така дека Европа е заинтересирана за решавање на украинската криза, бидејќи антируските санкции негативно влијаат на европската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП