18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува со еврото? Продолжува да паѓа!

Што се случува со еврото? Продолжува да паѓа!

evro pagja 2345

Еврото утринава падна на најниско ниво во однос на доларот во последниве девет години.

Причината за падот е шпекулацијата дека Европската централна банка (ECB) е се поблиску до програмата за голем откуп на државни обврзници, јавува агенцијата „Blооmberg“.

Во раното тргување во Азија, единствената европска валута падна за дури 1.2 отсто на 1,186 долари, најниско ниво од март 2006-та година, откако претстедателот на „ECB“ Марио Драги минатата недела испрати досега најнизок сигнал дека неговата институција ќе започне со програма за квантитативно олабавување.

За намалувањето на вредноста на еврото, како што оценува „Blооmberg“, влијаела и изборната кампања во Грција, која би, според прогнозите на некои аналитичари, би можела да заврши со победа на партијата која се противи на мерките за штедење.

„Причините за паѓањето на еврото се очигледно јасни, а тоа е дека Драги е се поблиску до програмата за квантитативно олабавување, додека загриженоста околу политичката ситуација во Грција значително порасна“, изјави Шон Кало.

Во минатонеделното интервју, Марио Драги им порача на законодавците да се подготват да делуваат со цел да се справат со дефлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП