19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст од еден процент на трошоците за електроника во светот

Раст од еден процент на трошоците за електроника во светот

elektronikka

Трошоците за електроника во светот минатата година бележат раст од еден процент, покажуваат податоците објавени пред утрешното отворање на Саемот на технологија ЦЕС 2015 во Лас Вегас.

Истражувањето на институтот Ге­Еф­К и на американската Асоцијација за електроника, покажува дека корисниците во светот во 2014 потрошиле 1.024 милијарди долари за смартфони, таблети, компјутери, телевизори и конзоли за видео игри.

Сепак, економистите на асоцијацијата во Лас Вегас не направија јасна прогноза за 2015 година. Трошоците за електроника во некои брзо растечки економии најверојатно ќе се намалат, во Латинска Америка се очекува пад од околу пет отсто. Сличен тренд се очекува и во западноевропските земји.

Смартфоните и таблетите веројатно ќе имаат удел од 46 во светските трошоци за потрошувачка електроника годинава, но и во двата сектори се очекува забавување на растот.

Продажбата на смартфони ќе се зголеми за 19 отсто на 1,51 милијарда единици годинава.

Растот во 2014 година беше 28 проценти, а во 2013 49 отсто. Вкупната сума на овие трошоци се очекува да има раст од 9 проценти на 406 милијради долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП