28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГабриел: Берлин сака Грција да остане во еврозоната

Габриел: Берлин сака Грција да остане во еврозоната

dede

Германската Влада сака Грција да остане во еврозоната и не постојат поинакви планови, изјави заменик-канцеларот Сигмар Габриел вчера по медиумските наводи дека Берлин верува оти монетарната унија може да издржи без Грција.

Габриел, министер за економија и лидер на Социјадемократите (СПД) истакна дека еврозоната во последните години е отпорна и не може да се уценува.

– Цел на германската Влада, на ЕУ, како и на Владата во Атина е да ја задржи Грција во еврозоната. Немало и нема други планови. Еврозоната е стабилна во последните години и затоа не можеме да бидеме уценувани, посочи Габриел во денешното интервју за „Хановерпе Алгемајне Цајтунг“.

Тој посочи дека очекува грчката Влада, без оглед кој е на нејзино чело ќе се придржува до
договорот со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП