6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ убедливо поразен од Будуќност

МЗТ убедливо поразен од Будуќност

juju

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром убедливо се поразени на домашен терен од тимот на Будуќност со 81:65 во натпревар од 16.коло на регионалната АБА лига.

Црногорскиот шампион мечот го реши уште во првото полувреме кое го доби со 19 поени разлика (46:27), предност доволна за рутински втори 20 минути и 13. победа сезонава.

За МЗТ ова беше 11. пораз по кој остана на претпоследното место на табелата.

Домашниот состав не најде начин да го задржи одличниот Дарко Планиниќ кој мечот го заврши со 20 поени и осум скока.

Сеад Шеховиќ беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 15 постигнати поени.

На другите завршени натпревари од оваа рунда: Металац – Крка 69:67, Игокеа – Шолнок 66:71, Партизан – Цедевита 76:64 и Олимпија – Црвена звезда 81:91.

Вечер играат Цибона – Мега, додека дуелот Левски – Задар е одложен.

Табела: Црвена звезда 16-0 (победи-порази), Будуќност 13-3, Цедевита 11-5, Партизан 9-7,
Унион Олимпија 8-8,..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП