12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот долар продолжува да поскапува

Американскиот долар продолжува да поскапува

mario dragi 355

Еврото на вториот ден од новата година, падна на најниско ниво во однос на доларот во последните четири години. Овој пад следеше откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги, навести дека оваа институција наскоро може да ја поддржи програмата за купување на владините обврзници во борбата против алармантно ниската инфлација на 19-те членки на еврозоната.

Драги во интервју за германскиот финаниски весник „Handelsblatt“ истакнал дека сега е поголем ризикот дека ЕЦБ нема да успее да ги одржи цените стабилни, отколку пред шест месеци.

„Мора да избегнеме како превисока, така и прениска инфлација. Вршиме технички подготовки за модифицирање на обемот, видот и содржината на нашите мерки“, истакнал Драги

Еврото на втори јануари падна за 0,4 отсто и за него може да се добие 1,2034 долари, што е негово најниско ниво од летото 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП