2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda има во план помал SUV модел за 2017-та година

Škoda има во план помал SUV модел за 2017-та година

skoda su33

Уште претходно говоревме за новиот кросовер на „Škodа“ со седум седишта (се очекува во текот на 2016-та година), но во понудата ќе се најде и помал „SUV“ модел и тоа во „B“ сегментот.

Тој помал „SUV“ (германскиот магазин „Auto Bild“ го нарекува „Fabia SUV“) најверојано во продажба може да се очекува во 2017-та година и тоа во класата на моделите „Renault Captur“ и „Nissan Juke“.

Како што сега стојат работите, овој иден модел на „Škodа“ на купувачите ќе им се нуди само со преден погон, како и економичен трицилиндарски бензински и дизел мотор.

Исто така, „Škoda“ би требало да продолжи да го нуди „Yeti“ се до 2018-та година, па овој производител во својата гама ќе има три „crossover/SUV“ модели.

На крајот би требало да се напомене дека и „Seat“ ќе добие „SUV“ модел од „B“ сегментот (засега познат како „Ibiza SUV“), како и самиот „Volkswagen“ (Polo SUV).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП