28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродромот во Дубаи е најпрометниот во светот

Аеродромот во Дубаи е најпрометниот во светот

dubai aerodrom

Меѓународниот аеродром во Дубаи беше најпрометниот во светот во 2014-та година, се наведува во извештајот на Меѓународниот совет на аеродроми.

Низ „Dubai International Airport“ во изминативе 12 месеци минале 68.9 милиони патници, со што го престигна лондонски „Heathrow“, кој беше лидер во 2013-та година.

Во Дубаи дојде до голем пораст на бројот на патници и покрај фактот дека 80 дена беше користена само една писта поради реорганизација, што доведе до привремен пад на бројот на летови.

„Се нетрпение ја очекуваме 2015-та за која имаме одлични прогнози и очекуваме да ја задржиме стапката на раст остврена минатата година“, вели Пол Грифитс, извршниот директор на аеродромот во Дубаи.

„Heathrow“, низ кој минатата година минале 67.8 милиони луѓе, е вториот најпосетен аеродром во светот.

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, „Chek Lap Kok“ оствари промет на патници од 61.8 милиони луѓе и е третиот најпрометен во светот за 2014-та.

Потоа следи парискиот аеродром „Charles de Gaulle“, па „Schipol“ во Амстердам, сингапурскиот „Changi“, аеродромот во Франкфурт, меѓународниот „Incheon“ во Јужна Кореја, тајландскиот „Suvarnabhumi“ и истанбулскиот аеродром „Ataturk“.

Меѓународниот аеродром „Ataturk“ од 11-тото место во 2013-та се искачи на 10-тото, остварувајќи 11 проценти поголем промет на патници за една година, што е најголем раст забележан во извештајот.

Овој извештај не го зема во предвид домашниот сообраќај, туку само меѓународниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП