3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook станува здодевен

Facebook станува здодевен

facebook-sign-89

Шокантно, но вистинито. Најпопуларната друштвена мрежа „Facebook“ веќе не и е интересна на младата популација.

Тинејџерите досега се покажаа како добри познавачи на идните трендови. Тоа што нив ги интересира ќе стане хит.

Но, „Facebook“ стана „стара вест“.

Тој проблем го препознаа и во таборот на „Facebook“ и во своите извештаи за инвеститори навеле дека младата популација користи други производи или услуги слични на „Facebook“ или како негова замена.

Во „Facebook“ стравуваат дека тоа би можело да резултира со се послабо користење на оваа друштвена мрежа, пад на популарноста и крајни финансиски загуби.

Намалениот интерес на тинејџерите не значи дека тие ќе го напуштат „Facebook“, туку дека се поретко ќе го користат. Наместо него тие ги претпочитаат „Instagram“ и „Snapchat“.

Па што им е интересно сега тинејџерите?

Според некои истражувања, младите се почесто ги користат фотографиите и сервисите како што се „Tumblr“ и „Instagram“. Исто така и бесплатната комуникација по пат на интернет, апликации кои нудат можност за праќање на бесплатни СМС-пораки, чет или воспоставување на видеоповици.

Се чини дека „Facebook“ ќе мора да смени нешто доколку сака да го врати вниманието на тинејџерите, а последните промени се воведени во „Facebook Messenger“, кој овозможува воспоставување на гласовни позиви и праќање на гласовни пораки, можеби се чекор во вистинскиот смер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП