ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Австрија раст на невработеноста

Во Австрија раст на невработеноста

viena 35

Во Австрија кон крајот на декември минатата година е забележан натамошен раст на невработеноста, при што се регистрирани 455.831 невработени лица, што е за 6,5 отсто повеќе отколку една година претходно.

Бројот на невработените пријавени во Службата за вработување се зголемил за девет отсто на 393.674, соопшти денеска австриското Министерство за социјални прашања.

Стапката на невработеност според националните проценки се зголемила за 0,7 отсто, на 10,2 отсто, а според Еуростат за 5,1 отсто.

Десет отсто од младите во Австрија се невработени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП