25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMax Sport + за сите MaxTV корисници бесплатно во јануари

Max Sport + за сите MaxTV корисници бесплатно во јануари

makedonski_telekom32

Македонски Телеком ќе им овозможи на сите MaxTV корисници да уживаат бесплатно во Max Sport + пакетот цел јануари. Пакетот опфаќа осум спортски канали: ексклузивните Arena 2, 3 и 4, како и Sport Klub 1, 2 и 3, Motors TV и Extreme Sport.

Овaa поволност се однесува на сите MaxTV корисници, без разлика дали ги имаат или ги немаат вклучено овие канали во својот MaxTV пакет.

Врз основа на барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонски Телеком беше задолжен овој месец да исклучи осум канали на MaxTV.

Во насока на подобрување на корисничкото задоволство, Македонски Телеком го овозможува Max Sport + пакетот за сите свои корисници во јануари без никаков надоместок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП