25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОзновачот на Amazon загуби 7.4 милијарди во 2014-та

Озновачот на Amazon загуби 7.4 милијарди во 2014-та

jef

Гигантот во онлајн трговијата „Amazon.com“ ја запиша најлошата година на берзата од 2008-ма година, што значително го намали личното богатство на основачот на компанијата Џеф Безос.

Богатството на главниот извршен директор Безос е намалено за околу 7.4 милијарди долари во рамките на минатата година, откако акциите на „Amazon“ поевтинија со над 22%. Сепак 84-те милиони акции на Безос во „Amazon“, кои се еднакви на 18.3% од капиталот на компанијата, се изедначуваат на околу 26.1 милијарди долари на крајот на годината.

Акционерите го казнија „Amazon“ поради нејзините трошоците за проекти како смартфонот „Fire“ и други уреди, и за проширувањето на мрежата од магацини на компанијата во близина на градските центри. Компанијата призна дека се неуспешни со претставувањето на телефонот, обвинувајќи ја главно цената за слабата продажба.

Во третиот квартал од минатата година, што беше обележана со најголема загуба на „Amazon“ во 14-те години работење, компанијата објави загуба во износ од 170 милиони долари поради смартфонот „Fire phone“ и соопшти дека има непродадени телефони во вредност од 83 милиони долари. Потоа цената му беше симната до 99 центи при склучување на договор со оператор.

Акциите на „Amazon“ поевтинија за 44% во 2008-ма година, но тоа беше само втората нејзина најлоша година како јавна компанија. Акциите изгубија речиси 80% од својата вредност во 2000-та година, годината во која некои аналитичари рекоа дека „Amazon“ ќе банкротира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП