18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндонезија очекува голем пораст на бројот на акционери

Индонезија очекува голем пораст на бројот на акционери

idonezija berza

Индонезија очекува дека најмалку 350 илјади нејзини граѓани годинава ќе станат нови акционери во компаниите што котираат на берзата.

Се предвидува вкупниот број на акционери во оваа 250 милионска држава да се искачи на над два милиони.

Оптимистичката најава се заснова на планираниот раст на економијата во Индонезија за седум посто во однос на минатата година. Со ваков пораст, инднезискиот БДП ќе ја надмине бројката од 1.000 милијарди приход годишно.

Во Индонезија се планираат поголем број кампањи за привлекување на идните акционери, а најголемо внимание ќе се обрне на помладите од 28 години, кои во сегашниот број акционери учествуваат со осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП