3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗEвропа: Добро се продаваат премиум моделите, но и Dacia

Eвропа: Добро се продаваат премиум моделите, но и Dacia

prodazba koli eu

Европскиот автомобилски пазар и натаму бавно закрепнува од кризата. Иако веќе 15 месеци по ред бележи раст во испораката на нови автомобили на годишно ниво, зголемувањето на продажбата во ноември изнесувала само 1%.

Во Европа во ноември биле регистрирани 989.457 нови возила, а продажбата во првите 11 месеци забележа скок од 6 проценти во споредба со истиот период од 2013-та. Иако резултатите покажуваа дека има место за оптимизам, аналитичарите велат дека не треба да премногу да се радуваат.

Податоците за продажбата откриваат дека растот на пазарите го предводат производителите на премиум автомобилите, но и нискобуџетните марки. Така, на пример, „Dacia“ во ноември постигна раст во продажбата од 11 отсто, во спореба со истиот месец од 2013-та, и допринесе во скокот на продажбата на матичната компанија „Renault“ oд 4%.

„Seat“, чија продажба порасна за 10%, помогна испораките на групацијата „Volkswagen“ на која припаѓа, да се зголемат за 3%.

На другиот крај на спектарот, успешни се и производителите на луксузни автомобили. „BMW“ ја зголеми продажбата во ноември за 9, „Mercedes“ зa 10, „Audi“ зa 4, а „Volvo“ зa 9 проценти.

Зa 2015-та се прогнозира слична ситуација, со оглед дека пазарите во Велика Британија стагнираат, додека моменталниот раст на продажбата во Германија и Франција ќе забави, а во Италија продажбата на нови автомобили најверојатно ќе доживее пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП