17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајплатените музичари за 2014 година

Најплатените музичари за 2014 година

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (6)

Многу песни и музичари ја разубавија оваа година. На нашите радио станици, а и во светот, имавме прилика да слушнеме разни изведувачи со нивните музички нумери, а некои од тие нумери станаа и апсолутни хитови.

Светските имиња во музиката направија 2014 година да ни пројде со доволно позитивни вибрации и се надеваме дека тоа ќе продолжи и во наредната година, а за возврат тие на своите банкарски сметки добија големи суми на пари.

Познато е дека светските музичари заработуваат голема сума на пари, а ова се десетте најплатени музичари во 2014 година.

10. Тоби Кеит: 65 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (8)

Овој крал на кантри музиката покажа дека е вистинска машина за правење на пари, така што оваа година заработи 65 милиони долари.

9. Келвин Харис: 66 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (4)

Келвин Харис е најплатениот светски диџеј со заработка од 66 милиони долари.

8. Пол Мекартни: 71 милион долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (7)

Некогашниот член на Битлси едноставно не престанува да импресионира и како еден од најстарите музичари на денешницата, доаѓа на осмото место на листата.

7. One Direction: 75 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (6)

Најпопуларниот машки бенд го докажа својот статус со 75 милиони долари оваа година.

6. Џастин Бибер: 80 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (2)

Момчето кое многумина не го сакаат, докажа дека има своја верна публика која го подржува и успеа да заработи неверојатни 80 милиони долари.

5. Брус Спрингстен: 81 милион долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (3)

Брус Спрингстен го докажа и го оправда своето место како еден од најпопуларните и најпознати музичари во целиот свет

4. Бон Џови: 82 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (1)

Држејки се во тек со модерната музика оваа година заработи 82 милиони долари.

3. The Eagles: 100 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (1)

Овие бесмртни рокери го оправдаа името на рокот и докажаа дека се вистински легенди така што станаа најплатените рокери во 2014

2. Бијонсе: 115 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (2)

Таа благодарение на своите многубројни турнеи и рекламите за Pepsi и М&М успеа да заработи извонредни 115 милиони долари.

1. Др. Дре: 620 милиони долари

lux-life-najplaceniji-muyicari-2014 (5)

Убедливо на првотo место со заработка од 620 милиони долари е Др. Дре, кој благодарение на својата музика и своите битови кои ги продаде, успеа да заработи неверојатно богатство – стана човекот кој има заработено најмногу пари во музичката индустрија за една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП