3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако се прави Porsche 918 Spyder (видео)

Како се прави Porsche 918 Spyder (видео)

918 pors1

И покрај неодамнешните проблеми и повлекувањето на одреден број на автомобили поради сериски дефект, нема дилеми дека „918 Spyder“ е врвен инженерски подвик на фабриката „Porsche“. Германскиот производител им овозможи на љубителите на оваа автомобилска марка да погледнат во погонот во кој се изработува топ моделот на „Porsche“.

Иако современата автомобилска индустрија во најголема мера е роботизирана, како и во случајот со другите суперавтомобили, дел од процесот за производство на моделот „918 Spyder“ се извршува рачно и зависи од вештината на работниците во „Porsche“.

Видеото открива како се прават деловите од ентериерот, како се составува моторот и другите делови, се до готов производ:

„Porsche“ на почетокот на декември соопшти дека го има продадено цел контигент од 918 примероци од моделот „918 Spyder“, колку што е и планирано да бидат произведени.

Најмногу автомобили (297) се пласирани во САД, додека во Германија и Кина се продадени по стотина возила.

Суперавтомобилот на „Porsche“ добива погон од 4.6-литарскиот „V8“ мотор, кој развива 608 ks (447 kW) и 530 Nm, и два електромотори. Тие произведуваат 156 ks (115 kW) и 129 ks (95 kW), односно вкупно 285 „коња“.

918 pors

Максималната комбинирана моќ на хибридниот погон изнесува 887 ks(652 kW), a „918 Spyder“ е во состојба да развие меѓу 917 и 1.280 Nm максимален вртежен момент.

Во „Race Hybrid“ режимот на возење на „Porsche 918 Spyder“ му е потребно за 2.8 секунди да забрза од 0 дo 100 km/h, додека до брзината од 200 km/h стигнува во рок од 7.7 секунди, a дo 300 km/h зa 22 секунди. Максималната брзина на автомобилот е 345 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП